Како е да сакаш патник низ времето и неврмето ?

https://www.youtube.com/watch?v=9EHAo6rEuas
ех
Немам ни инспирација, само сакав да кажам неколку зборови за она што се случува во овој мачен живот на обичен смртник заробен во невремето на животот, во ова торнадо од чувства што ми ја парчосаа мојата кревка душа. На Мосеовата скала би била талк, а толку силно сакам да е дијамант, да блеска силно и своите зраци да ги испроектира врз твојата рамна, еднодимензионала душа без чувства, која не знае за љубов која само лута низ просторот, изгубена прашувајќи се дали воопшто сака некаде да стигне? Дали до мене сака да стигне ? А?

Но не, ти не сакаш ниедна гребнатина врз тебе, ниту трага, се плашиш од секоја можна лузна и дамка сакаш да останеш соврешно и идеализирано суштество…Што си ти? Ти си само еден форма без никаква содржина, ти си сенка на своите чувства. ти си како кисел дожд, однадвор пријатен, одвнатре расипан и кисел. Оцет си човеку…Ме труеш безмилосно, сакаш да ме умреш, сакаш да патам како Петрарка жалејќи по својата Беатриче.

Еј патнику разбуди се, врати се во овој живот, зароби се во мојата душа да се заробам во твојата, јас и ти да сме кристална решетка. Биди статичен, застани за миг изгуби се во мојот универзум кој знаеш дека всушност си ти.

Јас сум материјата која ќе ја пополни твојата празна форма, твојот познат пријател, како вкус на старо вино берба -63та, зарем не веруваш дека вистината ја говорам? Признај! Признај, јас сум принцезата а ти си часовник кој отчукува точно 00.00.
Ова ли е крај?!

Продолжив без љубов

kikina

Слика

Живот……нешто кое секој треба да го помине.Болка..која секој ја доживува.Рана… која секој човек барем еднаш ја имал.Љубов…..дел од животот на некои луѓе.После таа проклета вечер имам само рането срце,само разболена душа.Бев некој а сепак никој.Ме познаваа сите, но јас не можев да се препознаам.Чекав времето раните на мојата душа да ми ги заздрави….И како секогаш без размислување, наивно да се вљубам и во нечија прегратка солзи да леам….Да плачам за иднината мислејќи дека неможе да се измени.

Одеднаш нова личност во мојот живот……Личност која ми е толу блиска но сепак далечна.Личност за која знам се а сепак ми е мистерија,која става трајни промени во мојот живот,промени кои јас ги обожавам,промени кои ќе ме вратат во форма и кој ќе ги зараснат раните,кои ќе ја излечат болната душа и кои срцето ќе го направат целосно како некогаш.Но веќе не го давам,останува само за мене,сега се смеам на злото и се задоволувам со…

View original post 35 more words

Среќата, таа е само ваша

     Некои луѓе го чувствуваат дождот шлапкајќи низ вирчињата, а некои само се калосуваат.. Нешто слично рекол Боб Марли и имал право. Но, што дека сум од оние што го чувствуваат кога со него го чувствувам и студенилото и сивилото на моето срце. Па затоа полесно ми е да бегам од дождов затоа што немам храброст да си признаам. Јас се изгубив , се изгубив себе си, си го загубив и детенцето во мене. Повеќе не сум бушавата девојка која знаеше да го сопре сообрајќајот и да заигра на дождот толку храбро и детско. Сега од таа слагалица остана густиот сообрајќај, дождот но не и среќата. Сега девојката е жена. Таа порасна за него, се смени за него , а тој само и ја украде среќата и … И си замина.

 July-rain

 

Најголема магија на светов

Знаете најскапоцено нешто во животот е љубовта… Љубовта е како магија, магија која исфрла магичен прав насекаде околу себе, која ги поврзува луѓето, ги прави единствени и ги обединува. Дали има нешто поубаво од тоа да живееш во име на љубовта, од тоа наутро кога едвај да чекаш да станеш само затоа што има луѓе околу тебе кои ги сакаш со сето свое срце, кога блискоста и допирот на најблиските ти се храна и енергија и ти  си толку исполнет од среќа и радост што немаш потреба да дури ни јадеш? Има ли поубаво од тоа кога насмевката од твоето лице неможеш да ја тргнеш поради она што го чувствуваш во себе, кога ти доаѓа да потскокнуваш од радост и среќа, а во душата имаш само спокој? Ете, тоа го прави во мене љубовта. Ми дава живот, надеж, ме прави среќна, и прави да подарувам, прави да бидам подобра.
Има луѓе кои ќе речат: да, но од љубов не се живее.
За љубов се живее.
Љубовта се менува, токму и затоа трае затоа што се менува, а не поради тоа што останува иста и не се соочува со предизвици.
Кога нашите нозе се уморни, не смееме да се откажеме, напротив можеме да одиме благодарение на силата на нашето срце, а кога тоа ќе биде уморно, тогаш тука е нашата надеж, надежта која секогаш трае.
За да ја разбудиме љубовта заспана во другите луѓе, треба само една работа да направиме: да ја разбудиме љубовта во нас. Само тогаш ќе бидеме способни да привлечеме наклонетост, ентузијазам и почит.

laббббrge

Гласот кој ме смирува..

Што би помислиле, кога би добиле анонимен повик, со познат машки глас?! Би помислиле ли дека од другата страна на жицата е некогаш “вашиот” кретен?! – Јас, ДА! Јас го направив тоа, поверував, му се дерев и го проколнував што ме остави, а тој само велеше : ,, Не! Јас не сум ТОЈ!”. Не верував, викав и барав да ми докаже. Тоа не беше мојот кретен, но како да знаеше се` за мене. Тоа беше некој машки глас кој сакаше да ми помогне, знаеше дека во мене има само болка, а тој проба да ја излечи. Знаеше да ме утеши, знаеше кога треба да ме побара, знааеше да ме искара. Кој ли е? Пријател ли ми е?! Што ли ми е?! Зошто порано случајно не го сврте мојот број? Каде беше кога, сама плачев на дождот? Незнам, но сигурно не ми се причинува. Тој постои! Никогаш, не ја видов личноста која ги изговараше овие зборови, но се заљубив во неговиот глас. Тоа беше толку груб, машки глас, а сепак од друга страна глас во кој се чувствуваше треперењето поради доживеаната болка и незаздравената рана. Тој создаде антитела во мене, ја уби инфекцијата во моето срце, а сега еве седам и бројам минути до следниот повик. Мора да ја примам дневната доза- нежност. Веќе ми недостасува..

5 години надеж, за 7 минути љубов

Седам и се возам со мислата до минатото, далечно но, многу блиско за мене, се возам до денот кога, престанав историјата да ја пишувам сама.. денот кој промени се`, ме промени дури и мене.

1та минута.. Тој ден, тој мост, тоа лице, таа минута..пресудна за се`. Таа беше првата минута и првиот поглед од нешто што подоцна го нареков љубов. Следеше движење, неговото грациозно движење и подавање на неговата рака. Никогаш подоцна не би било исто, никогаш повеќе не би се ракувал со мене, никогаш повеќе немаше да се претстави.. па морав да се фокусирам. Да го запамтам тој момент затоа што се` се случува само еднаш. Но, чувствував дека не останува само на тој момент, го заинтересирав.. Знаев.

2та минута.. Поминаа месеци.. дозволив да ме заинтересира странец, не го познавав, не знаев ништо за него..се дерев во себе кога добив анонимен повик. Неговиот глас, потоа неговото име..тоа беше тој. Симпатичен глас кој ме покани на вечера, а јас не можев да речам НЕ.

3та минута.. Деловната вечера за која ми зборуваше, на која ме канеше како придружба, не излегуваше во пракса. Бевме сами.. Јас, Тој, прекрасната девојка со виолина среде најелитниот ресторан кој беше празен само за НАС. Почнавме да се запознаваме, но не ми даде ни адреса, ни број.. рече дека не живее тука, има потекло од тука но, нема дом, патува и моментално е само на поминување. Тоа беше моментот кога ми се сруши се`, сите надежи и соништа. Тој всушност беше само ТУРИСТ.

4та минута.. Помина година од таа средба.. чекав повторно повик со иста желба, секој ден..но, попусто. Сакав да го заборавам но, ништо. Помина уште една година, почнав да се терам себе си да заборавам но, нешто ми ги врати мислите, ме потсети на него. Тоа беше едно парче хартија, една разгледница на која пишуваше,, Само да те поздравам“-испратена од Тибет. Знаев, тоа беше Тој.

5та минута.. Го земав телефонот, свртев неколку броја и во најскоро време резервирав карта за Тибет. Бев многу вознемирена од помислата ,,Што ако не биде тој таму?“ Но, собрав храброст и се довлечкав на аеродром. Чекајќи повик, кога ќе тргнеме, некој ме викна, се свртев иако помислив дека не викаат по мене., се свртев и така останав уште долго.Тој мирно стоеше таму,ме прочита, знаеше за каде ми е картата во моите раце, молчеше потоа ме бакна и рече:,,Дојди, да бегаме од тука!“. (Тоа беше нашиот прв бакнеж.)

6та минута..Ќе ги зачувам убавите моменти со него, само за себе.. не ви откривам каде заминавме, но ќе ви кажам, беше прекрасно. Иако само еднанедела го чувствувам неговиот мирис, иако само една недела ги гледав тие очи, верувајте беше доволно за наредните две години. Две години без него.

7ма минута.. Ни глас, ни траг.. но веќе навикнав на тоа. Навикнав на самотија и празнина, се откажав од помислата да барам некој кој ќе биде до мене физички.. затоа што не би можела да го сакам, не како него. Се отселив, го заборавив дури и мојот роденден, го исклучив мобилниот, ги симнав ролетните, се вовлеков под ќебе, но сум заборавила една работа. Да ја заклучам вратата. Следното утро на масичката до креветот најдов плик со црвена панделка. Помислив..ова е мајка ми, ми дала пари за да си ја платам киријата, демек роденден ми е, но повторно- грешка. Внатре имаше прстен и 2 авионски карти за Париз. Од кого ли беше подарокот ?!

 

Инкогнито..

             Ништо не е веќе исто.. баш ништо ..Ја немам навиката која се викаше “Тој“. Ја изгубив во моментот кога го погледнав телефонот и немаше порака за добра ноќ, од него. Ја изгубив, кога ме победи инатот да му се јавам, да го исфрлам гневот и помислата дека губам.. губам нешто ..Сега телефонот го заменив со фрижидерот .. Го отварам пред спиење.. се тешам ..си плачам врз храната и солзите повторно ги враќам во себе.. не сакам да пресушат .. не сакам да го заборавам .. се гледам во огледало, глумам самоуверена лудача која си збори сама со себе од типот “ Мислеше дека ќе патам..не бе брат друг ќе си фатам.. “ но во друг момент се гледам како си ја бришам размачканата шминка..ја уби бунтовничката во мене, ја уби среќата , ме претвори во зомби. Тоа го направи човекот што мислев дека го познавам. Но, за мене бил само инкогнито. Зошто? Зошто ли ме повреди?

Ме убива хиперзбунетоста..

        Не би сакала да звучам клише, патетично и досадно..ниту празно да фразирам.. сакам само да кажам како се чувствувам. Се чувствувам ..хм ..Луто?!-Не.. Среќна?! –Да.. Исполнета ?!- е тоа незнам.. се чувствувам не сфатено веројатно.. и лута на себе..лута што ми доаѓа да се бутнам под ќебе и да останам така засекогаш.. Никогаш не мислев дека некој мене би ми недостасувал.. дека ќе сакам да го гушнам .. но џабе се лажам ..тоа е така. Сакам истотои тој да ми го каже .. да го слушнам од него ..да слушнам дека несака само другарски од далеку да ми мафне.. дека не му е гајле за годините и за мислењето на другите .. затоа што можам да го разберам .. се трудам ова да функционира да бидеме пријатели ..пријатели со бенефиции ..но кои се бенефициите од тоа? – Далечина и окови.. Сакам да сум негова.. негова потреба, негово нешто што треба да го штити. Знам дека сме далеку но зашто да не? Тој ќе биде таму слободен и ќе ужива во животот ..а јас тука..,а далечината?! – Таа ќе биде чувар на желбата за што побрзо да се видиме и да ја претвориме монотоноста во убав момент..

Image

Почнав…

    Почнав да го слушам, тоа што тој ќе ми го прати.. Почнав да барам сличности во моите одговори со неговите ..Што ли тој ќе рече, како ли тој ќе одговори на истото прашање?!.. Премногу сум контрадикторна со себе и во себе.. Нели јас незнам да сакам , нели јас нема да се доверам на никого , нели јас сум не зависна и не ми треба никој ?! Што стана со мене ?! Можам и ДА,истата сум но, и нешто ми недостига ми фали некој дел ..Делот кога ќе го слушнам неговиот глас и кога ќе ми даде насмевка за добра ноќ. Тешко верував во некој , што се смени? Тој ли ме смени? Да верувам ли во тоа што чувствувам? Љубов не е ..јас не знам да сакам, рано е или пак се лажам..не го знам доволно но, како да го знам цел живот. Ден, место , универзум .. Мистерија која треба да се разреши .. Да му верувам на универзумот или е само коинциденција ? Би верувала во првото ..

Image

 “По плима на неосновано богатење, доаѓа осека на моралот “

Скромен живот и крената глава или кеш и илјада маски ?! И без доза филозофирање, прост е одговорот но, ајде да ја прикажам проклетава реалност. Со“ капс лок“ ви го соопштувам следново: “ ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН!“ – дојде денот, кој изгледаше како да е толку далеку, како никогаш да немаше да не втаса, дојде и како чума однесе се` што е чисто, убаво и вредно за почит, а не` остави да се давиме во сопствените зборови,- оние кои ја изгубиле својата важност.

Со лага доспеваме до целта, со газење преку другите посегнуваме кон трофејот, го зграпчуваме, со очи полни жед кон таа бедна пластика на која лежат милионите. Богатење без ни малку труд, добивка на сметка на туѓата беда, “видни лица“ со купени дипломи, некогашни пропалици, без`рбетници ,а денешни директори. Такви- никакви, калосани, без нанометар чист образ се криеме во темниците и супериорно ги гледаме другите како се борат за живот, како се дават во сопствената плунка.

Се чувствувам како во џунгла, како жедна за капка вода среде никаде, се чувствувам беспомошно(но и во џунгла знам од што да бегам, во пустина знам дека треба да се кријам од жешкото сонце). Но, тука, тука не си го знам ни непријателот, затоа што се крие некаде во луѓето што ги сметам за блиски.

Го нема доброто во луѓето, тоа исчезна во борбата за превласт, за пари, престиж и моќ, ги нема повеќе тие тетке, стринке, трампањето информации, видувањата, топлите погледи, колачите подадени од комшиката во момент кога си ја изгубил надежта и си се помирил со фактот дека ќе останеш гладен, зашто родителите ти се роботи кои работат милион професии за да ти обезбедат егзистенција. Е, тоа е обичниот народ кој не го изгубил образот во денешнава приватизација, малкумина кои останаа да се држат наспроти неоснованото богатење, малкумина достојни за почит.

Ние, сме тие- паразити, на кои не им е гајле што се` уништуваат, желни за повеќе.. Иако сето ова го знаеме, зошто така мирно го прифаќаме фактот дека самите ја убиваме добрината, со тоа го убиваме и моралот. Зарем не сме способни да избегаме од оваа реалност, зарем толку е невозможно да одолееш на “слатките“ замки кои ти ги поставуваат, а за чија сметка го губиш хуманото во себе, се повеќе се претвораш во робот чиј дар- животот, станува само цел да преживееш. И, не е ова со цел да се критикува човечкиот род и мизеријата во која се претворил,туку само едно прашање, зошто е така? Мора ли да биде? И најважно од се, до кога може да постоиме вака?! До кој степен треба да се уништиме себе за да сфатиме дека време е за промена и дали кога ќе го сфатиме тоа ќе има се уште простор за промена, можност и сила за чекорот кој ќе не врати на вистинскиот пат? Запрашајте се дали е вредно во наследство да оставите лесно заработени пари ,а со тоа и руина од морал?